Поврзете се со нас

АТП

Ивановски со пресврт до пласман во финалето на фјучрсот во Скопје

Објавено

на

Калин Ивановски мораше да прави пресврт, за да го победи турскиот тенисер Ерги Киркин и да стигне до финалето на фјучрс турнирот во Скопје.

Македонскиот тенисер ќе се бори за трофејот на домашен терен, а денеска му беа потребни 129 минути за да го скрши отпорот на незгодниот противник, кој во четвртфиналето го елиминира првиот носител Миљан Зекиќ.

Ивановски го загуби првиот сет со 6:3, но следните два ги доби убедливо со 6:2 и 6:2, па сосема заслужено и со поддршка на домашната публика, ќе се обиде да стигне до посакуваниот трофеј на фјучрсот со награден фонд од 25.000 долари.

Противник на Калин во утрешното финале ќе му биде Французинот Саша Вајенбург, кој претходно во првото полуфинале го победи Вито Тоњец од Хрватска.

Според организаторот, победникот на турнирот ќе заработи 25 АТП поени и 3600 долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни