Македонија
Ивановски ќе му биде десна рака на Симов во Македонија Ѓорче Петров

Екипата на Македонија Ѓорче Петров се реши да направи промена на тренерската позиција, па на местото на Муарем Бајрами беше назначен Горан Симов.
Симов имаше неколку одлични години како член на „лавовите“ и беше дел од генерацијата која го освои Купот на Македонија во 2006 година. Сега уште еден ас од таа генерација ќе биде дел од стручниот штаб-тоа е Филип Ивановски кој го постигна победничкиот гол против Шкендија.
Ивановски е поранешен македонски репрезентативец, човек кој играше и надвор од нашите граници, а по завршувањето на кариерата му се посвети на тренерскиот занает. Тој беше тренер на пионерите на „лавовите“ со тоа што сега ќе има нова улога како прв асистент.
Новиот тренер на ѓорчепетровци е оптимист и смета дека и како човек од клупата може да донесе нов трофеј во западната скопска населба.
-Доаѓам во добро позната средина, мојот прв клуб во Македонија. Како голман бев член на генерацијата што донесе прв куп пехар во Ѓорче, и тука сум бидејќи верувам во овие играчи и сум убеден дека и како тренер ќе го освојам куп пехарот, -порача Симов.
-
Балканпред 15 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 12 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 15 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Англијапред 14 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Балканпред 23 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Светпред 15 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
Светпред 13 часа
Судија суспендиран откако поништил гол по прегледување на снимка на телефон
-
НБАпред 13 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)