Поврзете се со нас

ВТА

Ивановиќ обелодени кој е „газда“ на далечинското во нејзиниот дом со Швајни (Видео)

Објавено

на

Ана Ивановиќ остави посебна трага во тенисот на овие простори и успеа да стигне до самиот врв на светскиот тенис во својата кариера, па иако се пензионираше пред четири години, таа објаснува дека се уште редовно ги следи сите случувањата во „белиот спорт“.

Српската тенисерка направи огромен чекор по крајот на кариерата и заедно со Бастијан Шванјштајгер станаа родители на две деца, па сега во ексклузивното интервју кое го направи за емисијата „Спортлајт“ на телевизијата „Спорт Клуб“, Ивановиќ откри кој е газда на далечинскиот управувач во нивниот дом.

– Далечинското му припаѓа на Швајни, тој воглавно гледа фудбал, а јас за тоа време читам книги. Во текот на денот двајцата сме многу активни со децата, па навечер јас се одморам со книга, а тој со фудбал, – со насмевка открива Ана.

Претходно, во низата одговори кои ги даде, Ивановиќ говореше и за впечатокот кој го добила за Рафаел Надал и Рожер Федерер, тенисери кои исклучително ги цени заедно со нејзиниот сонародник Новак Ѓоковиќ.

– Рафа и Рожер се многу различни личности. Надал е многу интровертен и срамежлив, не зборува многу, додека Рожер е достоинствен и се држи до себе. Навистина многу ги почитувам за тоа што го направија за спортот, заедно со Новак тоа е за книгата на рекорди, – потенцира Ивановиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни