Балкан
Ивановиќ искрен: Бев изненаден од отказот од Звезда

Искусниот црногорски стратег, Душко Ивановиќ пред некое време заработи отказ од Црвена Звезда, отказ кој беше изненадување за сите кошаркарски фанови и покрај последниот старт на „црвено-белите“ во Евролигата.
Меѓутоа Ивановиќ експресно пронајде нов ангажман и одново ќе го води шпанскиот прволигаш Басконија, поточно ја започнува четвртата епизода во овој клуб.
-Многу сум среќен што сум повторно тука, ова е мојот клуб, мојот град. Кога ме побараа да дојдам, не се двоумев. Го имам истиот ентузијазам како и секогаш. Ама убеден сум дека не чека многу тешка фаза, ќе има огромни предизвици за сите нас. Не ни оди добро, тоа е јасно, а првото нешто што треба да направиме е да ги поддржиме играчите. Мора да играат со поголема самодоверба, мора да веруваат во тоа што ќе го направиме, -истакна Ивановиќ кој самиот призна дека не очекувал да биде отпуштен од Звезда.
-Бев изненаден од мојот отказ од Црвена Звезда, не го очекував, па неочекувано дојдоа и преговорите со Басконија. Но, среќен сум што сум тука и што почнав повторно да работам толку брзо, -заклучи 66-годишниот Црногорец.
-
Англијапред 21 час
Невил искрено за Јунајтед: Ова е тажна позиција, се изморив од сопствениот клуб…
-
Англијапред 19 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Англијапред 7 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 23 часа
Емотивен крај: Суарез постигна гол на последниот натпревар за Гремио и го прослави во стилот на Меси (Видео)
-
Англијапред 5 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Светпред 5 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Италијапред 17 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Светпред 16 часа
Издвои три имиња: Белингем „знае“ кој ќе ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година