Поврзете се со нас

АТП

Испровоцираниот Ѓоковиќ со дрзок заклучок одговори на последната прозивка од Кирјос

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ нагласи дека воопшто не го почитува Ник Кирјос за неговите постапки надвор од теренот и не може да го респектира за тоа што го прави надвор од тенисот, изјава за која светскиот рекет број еден доби нова прозивка денеска откако Австралиецот се пласираше во втората рунда на Австралија Опен.

Кирјос нагласи дека Новак е тој што оставил најлош пример од тенисерите во моменти на пандемијата и дополнително му потенцираше дека никогаш нема да биде подобар тенисер од Рожер Федерер, ставови кои секако му беа пренесени и на Србинот откако овој го победи Жереми Шарди со рутински 3:0 во воведото коло.

За разлика од најавата на турнирот, Ѓоковиќ не беше премногу расположен да зборува за Кирјос, па испрати и доста дрска порака кога е контроверзниот тенисер во прашање.

– Може да ми ја прочитата изјавата на Кирјос, но јас нема нешто посебно да ја коментира. Навистина немам некој посебен коментар. Тој очигледно сака да биде во центарот на вниманието, особено тука во Австралија.

– Очигледно сака дебата, внимание, не знам што точно да кажам. Јас нема да му дадам опција за такво нешто, бидејќи тој не го заслужува тоа. Немам потреба, ниту чувствувам потреба да седнам со него на иста маса, воопшто не ме интересира тој лик надвор од теренот, – изјави Србинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни