Поврзете се со нас

Шпанија

Искусниот стопер на Валенсија се расплака откако го прашаа какви чувства буди борбата за опстанок (Видео)

Објавено

на

Габриел Паулиста е убедливо најискусен играч во одбраната на Валенсија и како таков презема најголема одговорност во друштво на капитенот Гаја, па со оглед на статусот кој го има во првиот тим на „лилјаците“, беше навистина тешко да се гледа интервјуто кое го одработи по вечерашниот меч.

Валенсија до минатата сезона се бореше за излез во Лигата на шампионите и овој тим од Шпанија беше симбол за настап во ова натпреварување, но реалноста е дека оваа година се бори за опстанок во елитата со оглед на ужасните игри кои ги прикажува.

Тимот предводен од Хави Грасија вечерва беше надигран од Хетафе со 3:0 и натпреварот го заврши без испратен шут кон противничкиот гол, а на поранешниот дефанзивец на Арсенал му беше до толку тешко да говори по крајот на мечот, што интервјуто мораше да го заврши поради солзите кои надојдоа.

Новинарката го запраша стоперот како е чувстото кога од елитата ќе дојдете до ниво да се борите за опстанок во Ла Лига, зборови кои направија Габриел емотивно да се распрсне и да говори со растреперен глас и солзи во очите.

– Навистина е тешко да се слушне дека се бориме за да не испаднеме. Валенсија е голем клуб и со самото тоа што слушам вакво нешто, навистина ми паѓа многу тешко. Сепак, мора да излеземе од сето ова, имаме многу натпревари пред нас и ќе ја оставиме Валенсија кадешто заслужува, – порача расплаканиот Паулиста.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни