Поврзете се со нас

Свет

Искусниот Лавринович полуде на пријателски меч и ја разгневи јавноста со ужасниот потег (Видео)

Објавено

на

НБА лигата започна со возбудувањата и со рестартот на сезоната по пандемијата со коронавирусот, но додека во САД се играат официјални натпревари, во преостанатиот дел од светот кошаркарите се подготвуваат за она што следи од септември.

За очекување е сите национални првенства да започнат во специјални услови и со превентивни мерки, а во овој подготвителен период, ни пристигна една ужасна слика од една од најкошаркарските земји во Европа.

Литванија е земја која долги години ја негува кошарката, но легендарниот Дарјуш Лавринович сега направи летната пријателска лига да се претвори во место кое не дава воопшто добар пример за фановите.

При еден дуел со противничкиот кошаркар кој го доби скокот, Лавринович изреагира пребесно и со брутален лакт го патосираше ривалот, по што тој беше повлечен од игра, а натпреварот прекинат.

Искуснииот Дарјуш кој има 40 години се извини за инцидентот и на противникот по крајот на средбата, порачувајќи дека неговата постапка е неприфатлива за човек кој играше за најголемите клубови во Европа.

Лавринович во овој момент е член на Витис, а во минатото ги носеше дресовите на Жалгирис, Реал Мадрид, Фенербахче и ЦСКА Москва.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни