Поврзете се со нас

Европски првенства

Интересна изјава на Вертонген пред дуелот со Португалија: Не знам како да им објаснам на децата..

Објавено

на

Вечерва на програмата е една од дерби премсетките во осминафиналето од Европското првенство помеѓу репрезентациите на Белгија и Португалија.

Интересен за светските медиуми пред овој натпревар е Јан Вертонген кој во моментов игра во португалскиот гигант, Бенфика, па пред натпреварот тој даде една интересна изјава.

Имено, Вертонген не можел да ги убеди своите деца дека тој ќе игра за Белгија, а не за Португалија, репрезентацијата за која навиваат тие.

– Моите деца одат на училиште во Лисабон и таму, како и сите останати, мора да навиваат за португалската репрезентација. Сега јас морам да им објаснам дека татко им ќе игра против Португалија. Мислам дека не разбраа најдобро што им зборува, -изјави Вертонген пред вечерашниот натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни