Поврзете се со нас

Италија

Интер прими неверојатен гол, но пронајде сили за нови три бода во Серија А (Видео)

Објавено

на

Интер силно го држи врвот во Серија А и во ситуација кога изгледа дека е на работ да изгуби бодови во домашното првенство, нешто што беше случај и ова попладне на незгодното гостување кај Торино кој води грчевите борба за опстанок.

Еден од „давениците“ во Италија пружи нависитна силен отпор, успеа да израмни по несреќниот пенал кој беше досуден за фаворитот, па иако силно притисна во завршницата, на крајот загуби со минимални 1:2.

Ицо го фаулираше Лаутаро во 62-та минута и Лукаку погоди за 0:1, но ако во прв момент се чинеше дека гостите од Милано полесно ќе стигнат до трите бода, следеше огромна драма. Торино израмни на неверојатен начин осум минути подоцна, откако дури четири играчи на Интер лежеа на тревата по еден корнер, при кој најснаодлив беше Санабрија кој стрелаше за 1:1.

Ова го натера Интер одново да тргне во напад, а овојпат херој беше човекот кој го изнуди пеналот, Лаутаро Мартинез. Аргентинецот хируршки прецизсно биеше со глава и го совлада Сиригу, па иако Торино силно нападна по ново израмнување, на крајот не дојде до тоа и останува во опасната зона.

Од друга страна, Интер останува на врвот со плус девет во однос на Милан кој вечерва игра дерби дуел против Наполи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни