Поврзете се со нас

Италија

Интер ги задржува своите ѕвезди, прашање на време е кога најбараниот играч на клубот ќе го продолжи договорот

Објавено

на

Од таборот на Интер го искористија периодот по крајот на преодниот рок да поработат на договорите на фудбалерите кои ги имаат во своите редови.

Така, како што пренесува Фабрицио Романо, веќе извесно е дека Лаутаро Мартинез ќе потпише нов договор со клубот кој ќе го задржи на „Меаца“ до 2026 година.

Според договореното уште на почетокот на месец септември, Лаутаро ќе добие значително поголема плата, а ќе потпише договор со Интер до 2026 година.

Веднаш откако ќе се комплетира оваа работа, од таборот  на Интер ќе влезат во преговори со Марсело Брозовиќ и Николо Барела за продолжување на нивните договори.

За Брозовиќ ќе се реагира брзо, а со Барела нема да се брза з апродолжување на соработката, иако како што пишува Романо, од Интер сакаат да го наградат играчот за неговите одлични партии.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни