Поврзете се со нас

Шпанија

Иновативниот тренинг на Зидан стана вистински хит во Шпанија: Ѕвездите на Реал добија загарантирана забава (Видео)

Објавено

на

По освоената 34-та титула во домашното првенство и кратката пауза која ја добија фудбалерите, Зинедин Зидан одново ги построи своите миленици и со мислите ги насочи кон она што следи, односно возбудувањата во Лигата на шампионите кои ќе продолажат со доигрувањето на осминафиналните реванши.

Реал Мадрид ќе има тешка, но не и невозможна мисија против Манчестер Сити и ќе брка негатива од 1:2, а Зизу веќе ги подготвува своите фудбалери за тешкото гостување во Англија, и тоа на начин со кој стана хит во Шпанија.

Зидан им подготви една необична вежба на своите фудбалери за денешниот тренинг, па најпрво работеа во пар, а потоа и во цела група која формираше еден вид на круг.

Играчите требаше да ја исконтролираат топката во ситуација кога се држат за рака со свој соиграч, а како изгледаше хит тренингот на Зизу погледнете на следното видео.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни