Поврзете се со нас

Свет

Иниеста беше максимално искрен и го состави идеалниот играч од четири фудбалски ѕвезди (Видео)

Објавено

на

Андрес Иниеста одбележа една незаборавна етапа во Барселона и заедно со Чави го сочинуваше најдобриот тандем во средниот ред во модерната фудбалска ера, а пофалбите за неговата кариера одат до тој степен, што многумина сметаат дека тој е и најдобриот шпански фудбалер кој некогаш ја заиграл оваа игра.

Иниеста беше човекот кој и ја донесе историската титула на Шпанија на Светското првенство и поради тоа секогаш ќе има посебно место во фудбалските читанки на Пиринеите, па како човек кој секогаш со иста емоција зборува за поранешните соиграчи и големите ривали, Дон Андрес сега одговори на еден интересен предизвик.

Актуелниот играч на Висел Кобе одработи едно онлајн интервју за официјалниот канал на Ла Лига, па во пресрет на рестартирањето на сезоната во Шпанија, тој го состави идеалниот играч во фудбалот.

Првите две карактеристики кои ги избра беа резервирани за неговите долгогодишни соиграчи во Барселона, но ако тоа не беше изненадување, навистина мора да му се оддаде призанание и за фактот што во својата селекција посочи и двајца играчи кои испишаа историја во Реал Мадрид.

За најдобра лева нога ја избра онаа на Лео Меси, за најдобра десна нога онаа на Чави Ернандез, скок играта му ја додели на Серхио Рамос, додека физичките предиспозиции беа резервирани за Кристијано Роналдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни