Светски првенства
Инфантино за идејата за СП на секои две години: Може да функционира, играчите ќе бидат заштитени

Првиот човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино е убеден дека нема да никакви проблеми Светското првенство да се одржува на секои две години.
Оваа идеја веќе некое време е актуелна, но за истата има доста критики особено од Европа.
-Светското првенство на секои две години не е мое барање, но Конгресот побара физибилити студија. Направивме многу сериозна студија, сè функционира од спортски аспект, а економските перформанси се позитивни за сите.
-Фактите мора да бидат јасни, 88 отсто од земјите, дури и повеќето европски, побарале студија. Направивме многу сериозна студија која покажува дека се би функционирало од спортски аспект, ќе има помалку репрезентативни натпревари, но поважни, -рече Италијанецот кој смета дека со новиот формат, предлог повеќе заштитени ќе бидат играчите.
-Кога беше одлучено Светското првенство да се игра на секои четири години, пред 100 години, 40 земји во светот играа фудбал, денес ги има повеќе од 200 и тоа мора да се земе предвид. Пред се, тоа е заштита на националните првенства со помалку прекини и застанувања, а исто така и за играчите, бидејќи по Светското првенство би имало пауза од најмалку три недели за одмор, нешто што денес не постои, -порача Инфантино за италијанската државна радио станица.
-
Англијапред 18 часа
Манчестер Јунајтед се откажа од Арнаутовиќ, Македонец главен „виновник“ за пропаднатиот трансфер
-
АТПпред 24 часа
Видео на денот: Федерер му го исполни сонот на фанот кој му постави неверојатно прашање пред пет години
-
Светски првенствапред 19 часа
Германска легенда најави дека ќе го бојкотира СП во Катар
-
ВТАпред 20 часа
Серена Вилијамс најави повлекување од тениската сцена
-
Англијапред 23 часа
Ново видео од тунелот на „Олд Трафорд“ го става Мегваер во неповолна ситуација: Кој ни е капитен….. (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Звучи неверојатно: На Манчестер Јунајтед му бил понуден напаѓач кој ги помина Реал, Јувентус, Челси и Атлетико
-
Италијапред 22 часа
Галијани направи брутална финансиска споредба: Како да се натпреваруваме со Нотингем?
-
Англијапред 21 час
Рио ги именуваше тројцата напаѓачи од Премиер лигата кои не можел да ги поднесе