Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Инѕаги откри што направил по болниот пораз: Цел свет виде зошто дадов таква изјава

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Интер загуби во големото финале на Лигата на шампионите, но остави слика и впечаток каков малкумина очекуваа во светската спортска јавност, бидејќи тимот на Симоне Инѕаги максимално му парираше на големиот фаворит.

Италијанскиот клуб не успеа во намерата да стигне до четврта европска титула и мораше да му честита на Манчестер Сити за првиот трофеј во Лигата на шампионите, но тренерот Инѕаги вели дека не може да биде погорд на изданието во кое се прикажааа неговите момци.

– Одигравме фантастичен меч и треба да бидеме горди на тоа. Не треба да мислиме „што би било, кога би било“. По натпреварот, отидов кај секој играч поединечно и на сите им дадов прегратка. Беа неверојатни, исто како што беа и нашите навивачи. Заслуживме друг резултат, но се надевам дека навивачите ќе останат среќни од прикажаното.

– Видовте што се случи последните 25 минути, топката не сакаше да влезе во гол. Се случува тоа во фудбалот, но за жал нас ни се случи во финале во Лига на шампионите. Ја погодивме гредата, топката беше исфрлена од гол линијата, топката удри наш играч и не влезе во гол, едноставно се случи се. Со овој дух, со оваа организација и со оваа посветеност, мислам дека повторно ќе се вратиме тука. Заслуживме повеќе, но им симнуваме капа на Сити, знаеме колку напорно работеа за да стигнат до тука, – изјави Инѕаги кој за крај заврши.

– Во ваква тешка вечер, тешко е да се издвојуваат индивидуалци. Ќе завршам со тоа што го кажав вчера. Не би ги менувал моите играчи за никого и светот виде зошто го велам тоа, – заврши тренерот на Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни