Поврзете се со нас

Англија

Илиев си заминува од Арсенал по една деценија

Објавено

на

Повремениот македонски репрезентативец, Дејан Илиев ќе ја заврши приказната со англискиот премиерлигаш Арсенал.

Струмичанецот уште како тинејџер ја замени Беласица со гигантот од Лондон, меѓутоа и покрај тоа што толку време беше дел од тимот никогаш не доби шанса да брани за најдобрата, сениорската екипа.

Беше активен во младинските категории, вториот тим, но и беше испраќан на позајмица како во Англија така и во Полска и Словачка. „Дејли Стар“ пренесува дека Арсенал до крајот на овој месец ќе ја заврши соработката со Дејан и со тоа ќе стави крај на приказната која започна во 2012 година.

Останува да се виде во кој правец ќе се движи кариерата на Илиев кој има 26 година што значи дека се уште може да покаже дека вреди и да брани во клуб од Топ 5 лигите во Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни