Поврзете се со нас

Европски првенства

Илчо Наумоски: Австрија е фаворит, но Германија беше уште поголем, па загуби

Објавено

на

Се поблиску сме до денот кога нашиот национален тим ќе дебитира на големите натпреварувања, поточно на Европското првенство каде за прв ривал ќе ја имаме селекцијата на Австрија.

Средбата се игра на 13 јуни во Букурешт, Австријците на хартија се фаворити, ама тоа ќе мора да го потврдат на теренот против четата на Игор Ангеловски која во изминативе години покажа дека знае да игра квалитетен фудбал и да дојде до значајни резултати.

Во пресрет на овој меч интересен за австриската јавност е Илчо Наумоски, поранешниот македонски репрезентативец кој долго време мина во нашиот прв противник на шампионатот.

Токму Илчо за „Велт Фузбал“ направи една кратка анализа, коментар за тоа како тој гледа на дуелот кој се игра за неколку денови.

-Австрија е фаворит кога ќе ја погледнеме ФИФА-листата или играчите, ама Германија беше уште поголем фаворит и загуби. Ние сме на ЕП и кога сме тука сакаме да земеме некој „скалп“. Австрија заслужено не победи во квалификациите (4-1, 2-1). Во Скопје не надиграа како ниту еден тим претходно,-вели Илчо и додава:

-Пред мечот сум поделен. Растев во Австрија, но имам македонско потекло. Овие две земји повеќе од било што на светот. Играв за Македонија, па сакам да победат. Ама и реми би било добар старт за двете репрезентации, -вели некогашниот наш репрезентативец кој кратко проговори и за капитенот Горан Пандев.

-Одличен играч кој се уште може да направи разлика. Имаше среќа што никогаш во кариерата немаше сериозна повреда, -заврши некогашниот напаѓач на ГАК, Малатијаспор, Матерзбург, Интер Баку и Вардар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни