Поврзете се со нас

Светски првенства

ИХФ непријатно ги изненади сите репрезентации на осум дена пред стартот на СП

Објавено

на

Македонската спортска јавност се подготвува за ракометниот спектакл кој вечерва ќе го гледаме во „Борис Трајковски“, но на неколку часа пред овој меч, пристигна една вест која сигурно нема да ги израдува нашите репрезентативци и сите останати членови од експедицијата која ќе замине на претстојниот мундијал.

На осум дена пред Светското првенство во Полска и Шведска, светската ракометна Федерација излезе со вест која нема да израдува ниту еден од учесниците на турнирот, бидејќи и покрај стабилната Ковид ситуација, играчите нема да можат да ги заобиколат препорачаните мерки за заштита.

ИХФ информираше дека ќе има најмалку три тестирања за време на турнирот, односно сите играчи ќе мора да направат Ковид тестови пред групната фаза, пред главната фаза и пред четвртфиналето.

Доколку некој играч добие позитивен тест, ќе мора да замине во изолација пет дена, по што ќе се врати на теренот откако ќе добие негативен ПЦР тест. Играчите кои ќе имаат контакт со заразено лице, а нема да имаат позитивен тест, ќе можат да го продолжат турнирот и да продолжат да играат за својата селекција.

Светското првенство започнува на 11-ти јануари, а Македонија е во група со Норвешка, Холандија и Аргентина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни