Поврзете се со нас

Свет

ИФАБ направи промена на правилото за играње со рака

Објавено

на

Интернационалното тело задолжено за фудбалските правила (ИФАБ) денеска официјално направи промена на еден од дел од правилата поврзани со играњето со рака.

Поточно, во иднина судиитe нема да ги поништат головите во ситуација кога имало ненамерно играње со рака во акцијата во која биле постигнати. Одлука за поништување на голот би требало да има само ако во акцијата имало намерно играње со рака или ако нејзината положба неприродно го зголемува обемот на телото.

ИФАБ ја објасни одлуката поради непостојаност во однос на судискиот критериум во различни земји, а промената на правилото ќе стапи на сила од 1. јули.

Истовремено, останува досегашното правило да не биде признат голот, доколку фудбалерот кој го постигнал имал намерен или ненамерен контакт на раката со топката или пак директно со неа ја упатил топката во голот.

ИФАБ упати порака до судиските асоцијации со напомена дека при анализата дали имало офсајд, предвид треба да се зема позицијата на фудбалерот во однос на неговото тело, глава и нозе, односно до пазувите на рацете.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни