Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ „поздрави“ поранешен соиграч: Чалханоглу профитираше од проблемот на Ериксен

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ не го штедел својот поранешен соиграч Хакан Чалханоглу во новата автобиографска книга, чии делови ги објавуваат италијанските медиумите.

Турскиот репрезентативец направи трансфер како слободен агент од Милан во редовите на градскиот ривал Интер, а Ибра смета дека го искористил неочекуваниот проблем на Кристијан Ериксен.

– Треба да му заблагодариме за се што направи за Милан и да му посакаме среќа во иднина, но иако звучи лошо, мора да се потенцира дека Чалханоглу искористи една трагична ситуација.

– Ако не се случеше проблемот на Кристијан Ериксен на ЕП, никогаш немаше да потпише за Интер. Ниту еден важен тим не се интересираше за него претходно.

– Хакан напредуваше многу покрај мене, негов предизвик сега е да прави големи работи за Ибра. За време на ЕП им испраќав пораки нему и на Ребиќ со содржина: Комплицирано е без Златан, нели? Пред да дојдам во Милан, Хакан не беше на ова ниво, а Ребиќ не ни играше, – вели Ибрахимовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни