Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ нервозно реагираше на нова повреда, Милан и Јувентус разочараа во големото дерби (Видео)

Објавено

на

Големото дерби меѓу Милан и Јувентус ги разочара фудбалските сладокусци и фановите кои со нетрпение го чекаа натпреварот на „Сан Сиро“, бидејќи двата великани комплетно потфрлија со понуденото на теренот.

Состојбата на тревникот во Милано не е идеална и за тоа уште вчера јавно се пожали Симоне Инѕаги, па во едни тешки услови за игра, мора да се признае дека поконкретен беше домашниот тим, но сепак недоволно за да забележи победа во пресметката со лутиот ривал.

Милан испрати четири директни удари кон голот на гостинот од Торино и делуваше поконкретно на теренот, но лоша вест е повредата на Златан Ибрахимовиќ кој брзо сфати дека не може да продолжи.

Швеѓанецот започна како стартер, но по неполни 30 минути побара измена поради нова повреда и крајно разочарано го напушти теренот, без да се поздрави со Жиру на кого му го отстапи местото. Ибра не ја криеше фрустрацијата и на клупата за резерви каде доби помош од лекарите, а по овој момент, дербито доби едно бавно темпо, во кое двата тима не го загрозија противникот.

Јувентус го заврши дербито без испратен директен шут кон голот на Милан, што е и најголем доказ за разочарувачкото дерби кое го понудија двата тима, а од кое најзадоволен ќе биде Интер кој има натпревар помалку и четири бода повеќе од „росонерите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни