Поврзете се со нас

Олимписки игри

И Реџепи со кратка авантура во Токио, пораз и елиминација по една минута борба

Објавено

на

Уште еден учесник од Македонија на Летните Олимписки игри во Токио го заврши својот настап во денешниот ден.

Станува збор за знаменосецот, Арбреша Реџепи која утрово се појави на борилиштата во Токио во џудо во дисциплината до 52 килограми.

Реџепи беше елиминирана по само една минута на подлогата откако нејзината противничка, Жил Челси од Велика Британија со Ипон го доби овој двобој.

Арбреша Реџепи беше третата македонска претставничка на Олимписките игри по Борјан Бранковски кој заврши на 21. место во спортско стрелаштво со воздушен пиштол на десет метри и пливачот Филип Дерковски кој го освои последното место во квалификациите на 400 метри слободно.

Следен македонски претставник е нашиот најголем адут за висок пласман, знаменосецот Дејан Георгиевски кој со А норма отпатува на Олимпијадата во Токио и кој на борилиштата ќе се појави за два дена, на 27 јули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни