Поврзете се со нас

Македонија

Хуман гест на РФМ, ќе помогне во лекувањето на некогашниот ракометар од Велес, Тони Шопов

Објавено

на

Ракометната федерација на Македонија со финансиски средства се вклучи во акцијата за помош на некогашниот ракометар од Велес, Тони Шопов.

Шопов веќе подолг период боледува од Descendenten colon (Adenocarcinoma colonis) и му е потребно неопходно лекување во странство за што се потребни 20.000 евра.

Откако во јавноста беше објавено дека му е потребна помош на Тони Шопов, веднаш реагираа од РФМ од каде ќе донираат 307.500,00 денари за неговото лекување.

– Управниот одбор на Ракометната Федерација на Македонија донесе одлука да донира финансиски средства во висина од 307.500,00 денари, за лицето Тони Шопов за лекување во странство.

– Тони Шопов е истакнат спортски работник од Велес, некогашен репрезентативец со особен придонес за ракометот.

– Упатуваме искрени желби за брзо закрепнување.

-Ракометна Федерација на Македонија, -стои во соопштението од Ракометната федерација на Македонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни