Поврзете се со нас

Италија

Херојот на Интер од финалето со „отровни стрели” до управата: Не се чека до последна минута со важните играчи

Објавено

на

Иван Перишиќ беше човекот кој донесе пресврт на вечерашниот финален натпревар од Купот на Италија помеѓу Интер и Јувентус.

Хрватот ги постигна двата последни погодоци за Интер кои му донесоа нова титула во куп натпреварувањето на Апенинскиот полуостров.

Перишиќ истакна дека цело време верувал дека може да го добијат противникот, иако во последните десетина минути од средбата влегоа со негатива од еден гол.

– Постојано верував, и кога водевме со 1:0, и кога губевме со 2:1. Се обидов да им ги подигнам главите на моите соиграчи, затоа што ги загубивме главите десетина до 15 минути. Добро реагиравме и мислам дека оваа победа е заслужена.

– Се чувствувам како лидер, но кога тимот работи вака полесно е да си лидер. Треба само да продолжиме да работиме, ни остануваат уште два натпревари до крајот, се е можно во светот на фудбалот, а ние мора да продолжиме да веруваме, -изјави Перишиќ кој за крај на интервјуто упати „отровни стрели“ до управата на Интер која се уште не му го има продолжено договорот.

Перишиќ по крајот на оваа сезона станува слободен агент и лесно може да се случи тој да го напушти Милано ова лето.

– Се уште не знам ништо. Со важните играчи не чекате да ги решите работите до последната минута. Треба да го знаете тоа, -изјави хрватскиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни