Поврзете се со нас

Германија

Хенес: Баерн нема да даде 100 милиони евра за Кејн

Објавено

на

Тотенхем доживеа елиминација од Милан во осминафиналето на Лигата на шампионите што е уште еден удар за клубот, но и првата ѕвезда на екипата Хари Кејн.

Кејн долги години е најдобар ас на „петлите“, се обидува да го држи клубот при самиот врв во Англија, ама никако не успева да се израдува на трофеј со истиот. Со оглед на тоа што нема поместување на работите како и фактот дека актуелниот договор му завршува во 2024 година се повеќе се говори за негово заминување во летниот преоден рок особено ако лондоначни за завршат во Топ 4 во Премиер лигата.

Како како една можна дестинација е посочена Баерн Минхен, но проблем може да биде сумата која Тотенхем ја бара и е 100+милиони евра, сума која бундеслигашот нема намера да ја плати за играч кој во јули ќе го прослави 30 роденден.

-Јас можеби и би можел да замислам дека некогаш Баерн ќе даде 100 милиони евра за фудбалер, ама Кејн има безмалку 30 години. Лани, Тотнем одби 160 милиони за него од Манчестер сити. Затоа јас од поодамна велам дека тој не е наш трансфер, -порача Ули Хенес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни