Поврзете се со нас

Светски првенства

„Хендбол- планет“ со прогноза за СП: Македонија нема изгледни шанси, но ќе освои трофеј

Објавено

на

Најпознатиот веб-сајт кој се занимава со вести поврзани со ракометот „Handball-planet“ даде своја прогноза за конечниот поредок на Светското ракометно првенство кое го имаше својот почеток во текот на вчерашниот ден.

На Мундијалот е присутна и селекцијата на Македонија, на која новинарите на познатиот портал не и даваат многу шанси.

Имено, според уредничкиот тим, Македонија нема да ја помине групата и нема да се квалификува во главната фаза, но затоа ќе го освои утешниот „Президентс куп“ во кој продолжуваат сите елиминирани селекции од првата фаза.

Фаворит за златниот медал за „Handball- planet“ е Данска, додека Франција и Шведска ќе завршат на второто и третото место. Првата шестка ќе ја комплетираат Шпанија, Исланд и Хрватска, додека конечниот ранг на Македонија би бил на 25. место.

  1. Данска
  2. Франција
  3. Шведска
  4. Шпанија
  5. Исланд
  6. Хрватска
  7. Норвешка
  8. Германија
  9. Египет
  10. Србија
  11. Португалија
  12. Словенија
  13. Унгарија
  14. Бахреин
  15. Полска
  16. Аргентина
  17. Црна Гора
  18. Холандија
  19. Бразил
  20. Тунис
  21. Катар
  22. Иран
  23. Зеленортски Острови
  24. Мароко
  25. Македонија
  26. Белгија
  27. Алжир
  28. Јужна Кореа
  29. Саудиска Арабија
  30. Чиле
  31. САД
  32. Уругвај

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни