Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Харгривс: ПСЖ потроши богатство за вакви натпревари

Објавено

на

Победата на ПСЖ значи солидна предност за францускиот тим во пресрет на реваншот против Баерн Минхен, a составот од Париз уште еднаш профитираше од играта на ѕвезди како Килијан Мбапе и Нејмар.

Овен Харгривс кој е поранешен фудбалер на Баерн, по натпреварот ги коментирал случувањата во Минхен за британски „Би-Ти Спорт“.

– ПСЖ потроши богатство на Нејмар и Мбапе, а причината е натпревар како овој, тие го украдоа шоуто во Минхен.

– Можеби немаа многу шанси, но кога требаше реализираа, а затоа и се плаќаат парите. Кога ПСЖ ќе поведе рано и потоа игра во контри, не сакате да играте против оваа екипа, – изјавил Харгривс.

Поранешниот англиски репрезентативец го коментирал и фактот што Мбапе и Нејмар имаат уште една година од своите договори и може да заминат претстојното лето.

– Ова е голем притисок за ПСЖ, Покетино ќе посакува некако да ги задржи. Нејмар на 29-годишна возраст веројатно не е толку значаен како Мбапе, но 22-годишниот Французин со една година од договорот ќе бира сам каде ќе ја продолжи кариерата, – рекол Харгривс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни