Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Хандановиќ посочи колку бодови му се потребни на Интер за пласман во нокаут фазата на ЛШ

Објавено

на

Интер не се прослави по првите три кола во Лигата на шампионите каде освои само два бода со што во моментов е на последната позиција на табелата во групата Б зад Борусија Менхенгладбах, Шахтјор Доњецк и Реал Мадрид.

Меѓутоа сите екипи се многу блиску и секоја победа е важна, па пред дербито со Реал закажано за утре на „Џузепе Меаца“ капитенот Самир Хандановиќ посочи колку поени му се потребни на Интер до крајот за да се пласира во следната фаза.

-За да поминеме понатаму ни се потребни седум бода. Останаа три натпревари и се е во игра. Утрешната средба е од фундаментално значење. На овие натпревари се вие е потребно, сите треба да го подигнат нивото, -рече Хандановиќ кој проговори за пресметката со Реал и секако несреќниот пораз на првиот дуел во Мадрид.

-На првиот натпревар игравме добро, но за жал овие ситуации ја прават разликата во фудбалот и понекогаш самите го комплицираме нашиот живот. Мора да бидете подобри во ова. Не е невозможно, мислам дека мора да разбереме дека кога тимовите играат против Интер, тие даваат малку повеќе и понекогаш не сме го на исто ниво со интензитетот на другите клубови.

-Кога тоа нема да го направите, можете да имате потешкотии. Од почетокот на сезоната тоа се случи веќе три или четири пати, -рече Самир за „Скај Спорт Италија“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни