Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон му се ренашираше на Ферстапен, па со маестрален маневар му одржа лекција и на Ботас (Видео)

Објавено

на

Луис Хамилтон стигна до многу важна победа на трката за Големата награда на Португалија, триумф со кој успеа да го зголеми водството во генералниот пласман во однос на Макс Ферстапен кој има две причини за незадоволство по денешните случувања.

Холанѓанецот најпрво ја загуби предноста која ја имаше во однос на Хамилтон на стартот на трката, а потоа во последниот круг, остана и без своето најдобро време кое му носеше дополнителен бод. Возачот на Ред Бул го мина Хамилтон по рестартот во 10-от круг, но актуелниот шампион експресно возврати, а потоа со маестрален маневар го мина и Валтери Ботас кој беше прв.

Откако го мина својот тимски колега, Хамилтон сигурно чекореше до втор триумф во Формула 1 оваа сезона, а во прилог му оди и тоа што Ферстапен во својот последен обид со нови гуми, остана без најдоброто време кое го оствари.

Стјуардите проценија дека Макс отишол прешироко во 14-от свиок од последниот круг и го надминал лимитот од патеката, поради што дополнителниот поен за најбрз круг му припадна на Валтери Ботас.

Ферстапен мораше да се задоволи само со второто место и дозна за одземениот бод додека даваше интервју веднаш по трката, на која пиедесталот го комплетираше токму Ботас кој не избори максимални бодови откако ја имаше пол-пoзицијата на патеката во Портимао. Покрај првите тројца, во зоната на бодовите се најдоа уште Перез, Норис, Леклер, Окон, Алонсо, Рикиардо и Гасли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни