Поврзете се со нас

Шпанија

Хамес Родригез му се нуди на шпански великан: Ако треба ќе пешачам од Катар!

Објавено

на

Хамес Родригез веќе некое време не настапува во Европа, но за добра понуда би се вратил на стариот континент каде од 2010 до 2021 година настапуваше за Порто, Реал Мадрди, Баерн Минхен, Монако и Евертон.

Тој во моментов е дел од Ал Рајан од Катар, меѓутоа лесно би го оставил овој тим ако е потребно да му помогне на еден шпански тим, великан кој веќе некое време го нема тој посакуван сјај што го красеше со години.

Станува збор за Валенсија која пред неколку дена го доведе Единсон Кавани, но во исто време ќе остане без Карлос Солер и затоа повеќе од потребни му се нови опции на тренерот Џенаро Гатузо.

-Ако ме повика Валенсија, ќе пешачам од Катар. Јас би прифатил намалување на платата. Ако им треба некој да му помогне и асистира на Единсон Кавани, јас ќе бидам таму. Тие се голем клуб со одлични навивачи, порача Колумбиецот за „Ел Чирингито“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни