Поврзете се со нас

Свет

Халанд е најскапиот фудбалер на светот, Мбапе е дури на 10. место

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Ѕвездата на Манчестер Сити и на норвешката репрезентација, Ерлинг Халанд е најскапиот, највредниот играч во светот на фудбалот.

Халанд има неверојатни бројки во дресот на „граѓаните“ во актуелнава сезона и со тоа дополнително си ја зголеми цената на пазарот, па според податоците од специјално подготвената методологија на швајцарската фудбалска статистичка компанија „CIES Football Observatory“ тој има вредност од неверојатни 245,1 милиони евра.

Тој е далеку пред своите конкуренти затоа што второпласираниот Винисиус Жуниор е проценет на „само“ 196,3 милиони евра, додека трет на листата е офанзивецот на Арсенал, Букајо Сака со 195,8 милиони евра.

Интересно е тоа што Килијан Мбапе е дури на десетта позиција со 163,2 милиони евра.

Ова е топ 10 листата:

1. Ерлинг Халанд (Норвешка) – Манчестер Сити – 245,1 милиони евра
2. Винисиус Жуниор (Бразил) – Реал Мадрид – 196,3
3. Букајо Сака (Англија) – Арсенал – 195,8
4. Џуд Белингем (Англија) – Борусија Дортмунд – 190,2
5. Родриго (Бразил) – Реал Мадрид – 184,5
6. Педри Гонзалес (Шпанија) – Барселона – 178,0
7. Пабло Гави (Шпанија) – Барселона – 174,1
8. Џамал ​​Мусиала (Германија) – Баерн Минхен – 170,2
9. Фил Фоуден (Англија) – Манчестер Сити – 166,8
10. Килијан Мбапе (Франција) – Пари Сен Жермен – 163,2

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни