Поврзете се со нас

Англија

Халанд доби урнебесен коментар од стоперот на Сити на новата топка која ја понесе дома (Фото)

Објавено

на

Ерлинг Халанд е нерешлива енигма за противничките одбрани во Премиер лигата и изгледа навистина застрашувачки со серијата која ја има на стартот на авантурата во Англија, бидејќи денеска одново постигна три гола на еден меч.

Норвежанецот стигна до третиот хет-трик во Премиер лигата откако го облече синиот дрес на Сити, но овој беше специјален поради тоа што беше постигнат против лутиот ривал.

Манчестер Сити го декласираше Јунајтед со 6:3 во натпревар во кој по три гола постигнаа Халанд и Фоден, играчи кои интересно си понесоа по една топка за дома и добија потписи од соиграчите.

Халанд веќе се навикна да добива вакви пораки од новите соиграчи во Сити, но од последната топка, најурнебесна е пораката која ја добил од стоперот Лапорт.

– Повторно сме тука. Потпишав повеќе твои топки отколку договори во кариерата. Честити титану, – гласи пораката од Лапорт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни