Поврзете се со нас

АТП

Хачанов: Многу се обложуваат на Ѓоковиќ, ама Надал ќе биде „GOAT“

Објавено

на

Еден од најдобрите руски тенисери, Карен Хачанов го искажа својот став за тоа кој ќе биде рекорден по освоените грен слем титули, поточно кој ќе биде најголемиот рекет во историјата на овој спорт.

По триумфот на Ролан Гарос, Рафаел Надал дојде до бројката од 20 титули на големите турнир со што се израмни на врвот со Рожер Федерер, додека пак Новак Ѓоковиќ направи чекор наназад и во моментов е на 17 освоени пехари.

-Верувам дека Надал ќе ја заврши кариерата со најмноги грен слем титули. Ѓоковиќ е помлад и многумина се обложуваат на него кога е во прашање трката за GOAT (најголеми на сите времиња), ама мојот избор е Надал, -истакна Хачанов кој проговори за односот со големата тројка.

-Федерер и Надал комуницираат со мене и останатите играчи, ама не се задржуваат предолго. Новак во таа смисла е поотворен, -истакна Карен кој досега има освоено 4 титули, а најдобриот пласман му е 8 место на АТП листата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни