Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола: Овој ПСЖ со Меси во тимот може да се сопре само на еден начин

Објавено

на

Манчестер Сити на двапати го победи ПСЖ во минатогодишното полуфинале во Лигата на шампионите, но во пресрет на новата пресметка на големите ривали во групната фаза во Лигата на шампионите, Пеп Гвардиола предупредува дека Французините сега се уште посилен тим од лани.

„Светците“ доведоа неколку супер засилувањата во летниот преоден рок и се издвоија како главни фаворити за титулата во најелитното натпреварување, бидејќи покрај Рамос, Донарума, Вајналдум и Хакими, во месец август беше ангажиран и Лионел Меси.

Токму поради последното засилување, Пеп смета дека ПСЖ во овој момент може да се сопре само на еден начин, а тоа е да му се парира со извонредна тимска игра која ќе направи да се засенат индивидуалните квалитети на нивните играчи.

– Тоа што се случи минатата сезона останува во минатата сезона. ПСЖ сега има фантастичен тим, уште подобар од лани и сега го имаат Меси. Со таков квалитет, може да направите само едно. Покрај ударното трио Меси, Мбапе и Нејмар, тука се и Маркињос, Хакими, Паредес, Верати.

– Талентот тешко се сопира, нема да се насочиме само на еден фудбалер, мора да ги сопреме како тим, мора да играме тимски и само тоа е решението. Знаеме дека ќе страдаме на теренот, ќе ги натераме да трчаат по нас додека ја имаме топката во своите нозе. Мора да бидеме тим, да бидеме компактни, да си помагаме еден на друг. Само така можеме да ги сопреме. Индивидуално гледано, нема што да говорам за Меси. Се што треба да каже, тој го кажува на теренот, нема потреба да се трошат зборови, – изјави Гвардиола на денешниот прес во пресрет на утрешното гостување на „Паркот на принцовите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни