Поврзете се со нас

Англија

Гундоган му ја одзема топката на Халанд за да го награди Фоден, Агуеро во дилема на социјалните мрежи (Видео)

Објавено

на

Ерлинг Халанд и Фил Фоден го одбележаа големото дерби на Манчестер кое се одигра попладнево на „Итихад“, бидејќи двете млади ѕвезди на Манчестер Сити постигнаа по три гола во мрежата на Јунајтед.

Халанд и Фоден денеска беа ударен двоец во нападот на Пеп Гвардиола и со двата хет-трика го украдоа шоуто на теренот, до толку што предизвика и урнебесен потег од Илкај Гундоган.

Ерлинг беше тој што прв си ја зема топката од мечот поради постигнатиот хет-трик, но Гундоган му ја одзема од раце и ја фрли кон Фоден како награда за импресивната игра на офанзивниот фудбалер за врска.

Комичната ситуација изнуди и Твитер реакција од Кун Агуеро кој исто така беше во дилема кој треба да ја понесе топката, но најидеално решение понудија двајцата актери.

Халанд и Фоден во првото интервју по мечот порачаа дека и двајцата си земале по една топка за дома, која ќе ги потсеќа на незаборавната победа од 6:3 над Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни