Поврзете се со нас

Англија

Гундоган е свесен што го очекува на „Олд Трафорд“: Претходно ни одеше добро со нив, но сега…

Објавено

на

Еден од најискусните фудбалери на Манчестер Сити, Илкај Гундоган даде свое видување за дерби пресметката која овој викенд ќе ја одиграат „граѓаните“ со Манчестер Јунајтед.

Избраниците на Пеп Гвардиола ќе мора да победат на „Олд Трафорд“ доколку сакаат Арсенал да им остане на дофат на премиерлигашката табела, во спротивно „топчиите“ може да се одлепат на плус седум поени доколку тие слават во другото градско дерби за овој викенд, против тимот на Тотенхем.

Гундоган е свесен дека ќе им биде тешко на „театарот на соништата“ и дека овој Манчестер Јунајтед не е истиот како тој од минатите години кој лесно го добиваа.

– Одиме на „Олд Трафорд“ каде изминативе години ни одеше прилично добро, но јасно е и се гледа дека Манчестер Јунајтед во моментов е посилен од тоа што беше во минатото. Имаат високо ниво на самодоверба и играат одличен фудбал, – заклучи Гундоган.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни