Поврзете се со нас

Германија

Голманот на Баерн вети камион со швајцарски чоколада за свој соиграч

Објавено

на

Фото: twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен заслужено се најде во четвртфиналето на Лигата на шампионите, бидејќи беше подобар противник во најголем дел од двете средби со ПСЖ.

Германскиот шампион донесе уште едно разочарување за Мбапе и неговите соиграчи, а една од причините за вчерашниот успех беше и фантастичната интервенција на Матијс де Лихт во првото полувреме.

Холандскиот стопер ја исфрли топката од гол-линијата и спречи негатива за Баварците, а подоцна доби и искрена благодарност од голманот Јан Зомер.

– Игравме одлично во одбрана, ова беше добро издание, а во второто полувреме имавме повеќе простор и во нападот.

– Де Лихт ме спаси во првиот дел, па како благодарност ќе му испратам камион полн со швајцарски чоколада пред неговиот дом, – изјавил швајцарскиот голман.

Де Лихт со херојска реакција спречи гол на ПСЖ, Баерн ги откажа „светците“ во второто полувреме (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни