Поврзете се со нас

Олимписки игри

Големо скандинавско дерби во четвртфиналето на ракометниот турнир во Токио

Објавено

на

Данската ракометна репрезентација загуби од Шведска (30:33) на последниот натпревар од групната фаза на олимпискиот турнир, но и тоа нема да ги спаси Данците од големо скандинавско дерби во четвртфиналето.

Данска, Египет и Шведска ја завршија групата со исти бодови, но Микел Хансен и неговите соиграчи останаа на првото место, што значи дека ќе играат против Норвешка веќе на стартот на нокаут фазата.

Норвежаните денеска го добија дербито со Франција, но Германија остана на третото место поради победата во меѓусебниот дуел, па избраниците на Кристијан Берге сега мора да го елиминираат актуелниот олимписки првак.

Данска и Норвешка ќе играат во вторник од 10 часот по македонско време, а програмата ќе започне со дуелот меѓу Франција и Бахреин кој стартува од 2:30 часот наутро.

Четири часа подоцна Шпанија ќе се сретне со Шведска, додека четвртфиналната програма ќе ја затворат Египет и Германија од 13:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни