Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Големи проблеми за Клоп пред утрешниот реванш со Реал во ЛШ

Објавено

на

Ливерпул е пред голем (не)возможен предизвик да обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, односно затоа ќе му биде потребна победа од најмалку три гола на утрешниот реванш против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

„Црвените“ загубија со 5-2 пред своите гледачи и сега потребен е триумф од најмалку три разлика, односно такво славје е минимално за да се одведе оваа пресметка во продолженија, пенали. Колку е тоа реално сценарио ќе видиме утре од 21 часот, но најавата не е добра за премиерлигашот затоа што Јирген Клоп остана без уште двајца играчи.

Од претходно беше познато дека недостапни се Луис Дијаз и Тијаго Алкантара, листа на која сега се и Џордан Хендерсон и Стефан Бајчетиќ. Хендерсон е болен, додека талентираниот Бајчетиќ е повреден што секако се лоши вести за составот од „Енфилд Роуд“.

Натпреварот е закажан за стандардниот термин од 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни