Поврзете се со нас

АТП

Гофан: Ѓоковиќ е вонземјанин, а да победите вонземјанин…

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ е на еден чекор од ново големо финале на Вимблдон во кое веќе и знае со кого би се соочил со оглед на тоа што Рафаел Надал одлучи да се повлече поради повреда и со тоа автоматски го промовираше Ник Кирјос во прв патник за завршниот меч на турниот во Лондон.

Ѓоковиќ за да се бори за пехарот ќе мора да го мине домашниот фаворит Камерон Нори кој во минатата рунда по еден исцрпувачки меч славеше над Давид Гофан со 3:6, 7:5, 2:6, 6:3, 7:5.

Токму Белгиецот беше запрашан за прогноза и тоа дали Нори со помош на публиката може да го шокира 20-кратниот грен слем шампион.

-Веќе го знаете одговорот, нели? Ако го игра тенисот на својот живот, тогаш можеби има шанса, особено ако Новак не се чувствува добро. Меѓутоа Новак е Новак. Тој игра уште подобро кога публиката е против него. Новак е вонземјанин, а да победиш вонземјанин, не знам како тоа да го направите, -истакна Гофан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни