Поврзете се со нас

Одбојка

Ѓоргиев и АЦХ Љубљана на чекор од одбрана на титулата во МЕВЗА лигата

Објавено

на

АЦХ Волеј Љубљана на македонскиот репрезентативец Никола Ѓоргиев е на еден чекор од одбрана на титулата во МЕВЗА лигата.

МЕВЗА лигата или Централно Европската лига е регионално натпреварување во кое во актуелнава сезона учествуваат екипи од Хрватска, Словенија, Австрија, Унгарија и Словачка, натпреварување кое е во самата завршница со турнирот на најдобрите четири екипи кој се одржува во Блајбург (Австрија).

Никола и компанија во полуфиналето го средија домаќинот Задруга АИЦХ/ДОБ со 3-0 во сетови со 25-21, 25-18 и 25-22. Шкет со 13 поени беше прв поентер, додека зад него беша македонскиот капитен Ѓоргиев со 12 поени.

Последниот тест за Македонецот и другарите за освојување на пехарот ќе биде ХАОК Младост од Хрватска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни