Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа тргна фуриозно на силниот фjучерс турнир во Сплит

Објавено

на

Лина Ѓорческа денеска го започна својот настап на силниот фјучерс турнир во Сплит, а најдобрата македонска тенисерка имаше одлично отворање и се пласираше во осминафиналето.

Тенисерката од Тетово во воведната рунда не и даде никаква шанса на Германката Настасија Шунк и славеше со убедливи 6:2 и 6:3, доминација која беше најавена со брутално отворање на мечот.

Лина поведе со 5:0 во гејмови и јасно стави до знаење дека таа се прашува за сите случувањата на теренот, па во продолжение загуби вкупно пет гејма и се чекираше во следната рунда.

Ѓорческа со оваа лесна победа си закажана осминафинална пресметка со Вероника Ерјавец од Словенија, која на хартија важи за петта фаворитка на турнирот во Хрватска.

Инаку, турнирот во Сплит се игра на земјена подлога и наградниот фонд изнесува 60 илјади американски долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни