Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа поразена од квалификантка во Петанж

Објавено

на

Најквалитетната македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на турнирот во Петанж (Луксембург) што се игра на тврда подлога за награден фонд од 25.000 долари.

Ѓорческа како седма носителка беше изненадена во второто коло од 20-годишната Марго Рувуа која славеше со 2-0 во сетови.

Французинката имаше подобра реализација на брејк топките (7/14 наспроти 4/9), а и освои повеќе поени од Македонката (76-59) за конечни на крајот 6-3 и 6-3 по еден ипол час игра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни