Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа ја прокнижи втората победа во Белград

Објавено

на

Македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ја оствари втората победа на Источно-европскиот шампионат кој се одржува во Белград, Србија.

Тетовката во првото коло беше фуриозна против Маријана Дражиќ (Хрватска), додека пак во второто се справи со домашната тенисерка Тијана Сретеновиќ со 2-0 во сетови. Имаше доста борба во двата сета, пресудни беа квалитетот и искуството на Македонката која со 7-5 и 6-4 дојде до посакуваниот триумф.

Новиот предизвик за најквалитетниот македонски рекет е Турчинката Чемре Анил која во првото коло загуби од Виолета Томова (Бугарија).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни