Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ загуби сет, но обезбеди полуфинале во Рим (ВИДЕО)

Објавено

на

Формирана е првата полуфинална двојка на АТП Мастерсот во Рим, а тоа е Новак Ѓоковиќ-Каспер Руд.

Ѓоковиќ во денешното четвртфинале по нешто повеќе од два часа игра беше подобар од Доминик Кепфер од Гермнија со 2-1 во сетови. Првиот светски рекет имаше подеми и падови на оваа средба, ама кога требаше знаеше како да одигра, да го потврди квалитетот и сосема заслужено обезбеди пласман во наредната рунда.

Србинот тргна со 6-3 во првиот сет, сет во кој двајцата играчи имаа многу проблеми на свој сервис и за тоа говорат петте брејка. Нешто слично беше и во вториот, Ноле поведе со 2-0 во гејмови, меѓутоа на ова Доминик одговори во продолжението и со 6-4 израмни на 1-1.

Во решавачката битка најдобриот тенисер на светот беше смирен, ги искористи своите брејк шанси, добро сервираше и 6-3 стави крај на сите дилеми околу победникот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни