Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ одработи тренинг на планина во стилот на „Роки Балбоа“ (Видео)

Објавено

на

Откако мина две недели во изолација и имаше два негативни теста на коронавирус, Новак Ѓоковиќ се врати во нормалниот живот и одлучи да посети една земја во која е многу популарен, па покрај средбата со неколку важни луѓе во Босна, светскиот рекет број еден го користи своето слободно време за посета на природните убавини.

Ѓоковиќ ова попладне се најде во прв план во домашанта јавноста откако неговата мајка сподели едно интересно видео, а на кое се гледа како Новак со импровизиран тренинг во стилот на Роки Балбоа се обидува да остане во форма.

Видеото е снимено на преубавата планина Јахорина во Босна, а на истото се гледа како Новак во друштво на својот татко Срѓан влече два големи трупци по нагорнина.

Мама Дијана ги нарече двајцата лудаци, но Новак и Срѓан го искачија ридот и ја одработија вежбата онака како што замислија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни