Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ ја доби тај-брејк битката со Фриц за финале во Торино (ВИДЕО)

Објавено

на

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ обезбеди место во големото финале на завршниот АТП Мастерс кој се одржува во Торино.

Поранешниот светски рекет број еден во денешното полуфинале издвојува триумф над Тејлор Фриц со 2-0 во сетови. Средбата беше доста интересна, возбудлива, свои шанси во истата имаше и Американецот, но кога беше најпотребно Новак беше на повисоко ниво, покажа квалитет, класа и со одлични игра во тај-брејкот дојде до осмото финале на завршните турнири, првот во Торино.

Првиот сет заврши со 7-5 во тај-брејкот, вториот пак со 8-6 што Ѓоковиќ го става во позиција да го стигне Рожер Федерер на вечната листа секако под услов утре да биде подобар од победникот од дуелот Руд-Рубљов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни