Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ и Фриц доживеаја првпат видена сцена во тенисот, повредениот Србин на херојски начин до осминафиналето (Видео)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ многу потешко од очекувањата се пласираше во осминафиналето на Австралија Опен, бидејќи се соочи со доста силен отпор од талентираниот Американец Тејлор Фриц, но мораше да се бори и со одредена мускулна повреда во пределот на грбот која го оневозможи да се движи онака како што посакува.

Првите два сета не навестуваа никаква неизвеснот и светскиот рекет број еден поведе со 2:0 ги спроведе истите во своја корист со 7:6 и 6:4, но сепак на средина на третиот сет, стана евидентно дека Србинот има проблеми со движењето и мечот се сврте во корист на противникот. Проблемите му правеа огромни проблеми на Новак при движење и во игра остануваше само благодарение на добриот сервис, но Фриц сепак направи брејк и намали на 2:1 во сетови, добивајќи го третиот со 6:3.

Во четвртиот сет, Фриц одново брзо направи брејк и поведе, а некаде на средината следеше сцена која досега не се памети на еден тениски турнир, бидејќи новите Ковид протоколи во Викторија направија да се испразнат трибините на Род Лејвер арената.

Поради спроведениот петдневен карантин кој старуваше од полноќ во Мелбурн, фановите мораа да ги напуштат трбините на 30-тина минути пред 12 часот, па така мечот беше во неколкуминутен прекин, пред да продолжи и Фриц да израмни на 2:2 во сетови (6:4).

Изданието на Новак не беше воопшто оптимистичко за неговите фанови, но како и многупати досега, Србинот од некаде пронајде сили и успеа да се избори за херојска победа, правејќи дури два брејка во одлучувачкиот сет, со кои заборави на повредата и енергично се радуваше за пласманот во осминафиналето, каде противник ќе му биде Милош Раониќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни