Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ ги загрижи своите фанови по јуначкото издание и победата против Фриц: Не знам дали ќе играм за два дена

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ успеа да пронајде сили во безизлезна ситуација како и во безброј наврати досега, па кога се чинеше дека е нокаутиран и беспомошен на теренот, го покажа своето јуначко лице и победи во одлучувачкиот петти сет за пласман во осминафиналето на Австралија Опен.

Србинот ги доби првата два сета против Фриц и поведе со 2:0 во мечот од третото коло на Австралија Опен, но потоа во третиот и четрвртиот беше евидентно дека има непријатен проблем, поради кој едвај се движеше на теренот. Со оглед случувањата на теренот и двата последователни сета во низа, младиот Американец влезе како фаворит во последниот сет, но тогаш Новак се издигна како феникс и направи два брејка за конечни 6:2 и пласман меѓу 16-те најдобри на турнирот.

Во наредното коло, негов противник ќе биде Милош Раониќ, но светскиот рекет број еден не е голем оптимисти и смета дека станува збор за потешка мускулна повреда, поради која нема да може да излезе на терен.

– Очигледно е, од мојата реакција можеше да се види. Ментално и емотивно се чусвтвувам фантастично, многу ми олесна откако победив. Се пронајдов себеси во непријатна ситуација, во уникатна ситуација. Ова е една од најголемите победи во мојата кариера. Во овој момент, не сакам да зборувам за интензитетот и нивот на повредата и за болките кои ги имав.

– Луѓето не знаат како се чувствував кога се повредив. Во главата имав дебата, се двоумев дали да се предадам. Не можев да се движам, не можев да ротирам со телото и тоа беше евидентно. Можев само да сервирам, знаев дека единствена шанса имам ако добро сервирам. Во петтиот сет сервирав фантастично и ми беше многу подобро, почнав да игра. Горд сум на оваа победа, но и загрижен. Чудно е чувстото, мислам дека ми пукна мускул. Немам добро искуство со пукнати мускули, не знам дали ќе излезам на терен за два дена, – изјави Србинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни