Италија
Гатузо доби ултиматум, Наполи веќе му спрема замена

Составот на Наполи игра доста променливо во Серија А и поради тоа има девет бода помалку од актуелниот лидер на табелата Милан.
Наполитанците знаат да кикснат против екипи кои реално според квалитетот мора да ги добијат, па така на пример загубија дома од Специја со 2-1, додека минатиов викенд беа поразени од Верона со 3-1 иако уште во првата минута дојдоа во водство.
Поради ова се зголемува притисокот врз тренерот Џенаро Гатузо и според италијанските медиуми претседателот Аурелио Де Лаурентис бара реакција, резултати или во спротивност може да заработи отказ.
Наводно иднината на Рино зависи од трите наредни средби во кои Наполи прво игра против Специја во Купот, а потоа со Парма и Џенова во Серија А.
Во исто време пак „Кориере Дело Спорт“ пишува дека Де Лаурентис веќе разговарал со искусниот шпански стручњак Рафаел Бенитез кој во моментов е слободен откако ја заврши приказната во Кина.

- Германијапред 22 часа
Големото засилување на Борусија од Реал конечно проработи: Постигна деби гол во Бундеслигата после цели шест месеци (Видео)
- Англијапред 23 часа
Судијата Мејсон се посрамоти и предизвика неверојатна конфузија на дуелот ВБА-Брајтон (Видео)
- Шпанијапред 22 часа
Куман не му даде ниту една минута на Гризман: Ова не е казна за него, ни требаше побрз играч!
- Италијапред 22 часа
Букмејкерите предвидуваат лесни победи за фаворитите во Серија А
- Германијапред 20 часа
Нојер не штеди никого: Капитенот на Баерн бесно викаше по „заспаниот“ Алаба (Видео)
- Италијапред 21 час
Историја во Италија: Судијата Орсато утре ќе урне една голема фудбалска бариера во Серија А
- Италијапред 22 часа
Меџорини се кандидираше за наградата „Пушкаш“ (Видео)
- Англијапред 9 часа
Солскјер откри кој е најлош губитник во Јунајтед: Сите мислат дека тоа е Бруно, но….