Поврзете се со нас

Франција

Галтие за себичноста која ја демонстрираше Мбапе: Лично зборуваше со Нејмар за таа ситуација (Видео)

Објавено

на

Кога во еден тим има голем број ѕвезди се крева голема прашина и после важна победа во Лигата на шампионите, па така е ситуацијата со ПСЖ кој како најголем бренд во Франција и најдобар тим од оваа земја, постојано се наоѓа под лупа на медиумите.

Килијан Мбапе имаше брилијантно прво полувреме во кое постигна два импресивни гола, но посебно убав беше оној првиот по велемајсторското додавање од Нејмар.

Бразилецот генијално го проигра својот соиграч кој зафати волеј, но во второто полувреме, оваа врска не беше баш продуктивна, а за тоа виновен беше Французинот.

Мбапе демонстрираше завидна себичност и не му додаде на осамениот Нејмар при резултат 2:0, по што Јувентус се врати во игра со гол и до крајот беше поблиску до израмнување, отколку ПСЖ до трет гол.

– Нема веќе да зборувам за односот меѓу Мбапе и Нејмар. Тие имаат добар однос како колеги, се однесуваат добро на тренинзите. Нивната комбинација на мечот со ПСЖ сите ја видовме, а потоа следеше и ситуацијата од второто полувреме.

– Мбапе зборруваше со Нејмар за таа ситуација, бидејќи има две фази во таа акција. Забрзувањето на Мбапе и можноста да додаде до Нејмар, а потоа влегувањето во шеснаесетникот и моментот кога не го гледа Нејмар. Во такви моменти, имате една или две секунди за одлука, а тој реши да шутне. Сигурен сум дека во иднина тој ќе има клучни додавање до Нејмар и јас не гледам ништо негативно околу таа акција, – изјави тренерот Кристоф Галтие.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни